Македонија

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

Обвинителката Зорица Павловиќ од ОЈО Скопје избрана за член на Советот на јавни обвинители

Јавната обвинителка Зорица Павловиќ од Основно јавно обвинителство Скопје доби најмногу гласови на изборите за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, со изборно место број 3.

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, со изборно место број 3.

Гласачкото место е затворено во 16:00 часот, по што Комисијата која ги спроведува изборите во ВЈО Скопје го објави записникот од спроведеното гласање.

– Од вкупно излезени 84 гласачи, кандидатот број еден, јавната обвинителка Јасмина Здравеска Костеска, од Основно јавно обвинителство Скопје доби 32 гласа, кандидатот број два, јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од ОЈО ГОКК Скопје доби 7 гласа и кандидатот број три, јавната обвинителка Зорица Павловиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје доби 44 гласа. Едно ливче било неважечко, објави Комисијата.

To top