Македонија минимална 1.500 до 2.150 евра биле малку?!

Обвинителите со 2% доверба ПРВИ СКОКНАА: Бараат да се повлече законот за намалување на функционерските плати?!

Велат дека се свесни за сложената економска ситуација во државата и потребата од штедење, но посочуваат дека со оглед на неспојливоста на обвинителската функција, платата е единствен приход на јавните обвинители, а таа, како што велат, се движела од само минимални 90 000 до максимални 130 000 денари. значи, од 1.500 до 2.000 евра. Имале најмали плати во регионот, што нее вистина, но имаат и најниска доверба од само 2% во истиот тој регион и многу, многу пошироко.Според една анекта беше и 1% доверба..

Обвинителите со 2% доверба ПРВИ СКОКНАА: Бараат да се повлече законот за намалување на функционерските плати?!

Здружението на јавни обвинители со 2 насто доверба во државата прво од сите здруженија и засегнати функционери јавно и гласно побара Собранието од денешната седница да ги повлече законските измени за платите на обвинителите, со кои се предложува изменување на коефициентите на начин што ќе се спречи натамошниот, како што се наведува во предлог-законот, непропорционален раст на нивните плати.

Велат дека наводно се свесни за сложената економска ситуација во државата и потребата од штедење, но посочуваат дека со оглед на неспојливоста на обвинителската функција, платата е единствен приход на јавните обвинители, а таа, како што велат, се движела од само минимални 90 000 до максимални 130 000 денари. значи, од 1.500 до 2.150 евра. Имале најмали плати во регионот, што нее вистина, но имаат и најниска доверба од само 2% во истиот тој регион и многу, многу пошироко.Според една анекта беше и 1% доверба.

Вчера, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија поднесе пакет предлог-измени на шест закони со кои се регулираат платите на избраните и именуваните лица, со цел, како што велат, да се обезбеди поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата.

Пратеникот Бојан Стојаноски изјави дека основната цел е воспоставување поправична распределба на јавните средства. „Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите со што се обезбедува рационално користење на средствата од Буџетот“, посочи тој.

Според него, законското решение е уставно издржано. „Ова законско решение е целосно во согласност со Уставот и јасно ги дефинира коефициентите за пресметка на платите, почитувајќи ги начелата за поделба на власта и социјална праведност“, нагласи Стојаноски.

Со измените се предвидува намалување на платите на јавните функционери – пратеници, министри, судии, јавни обвинители и членови на судските и обвинителските совети – во просек од 10.000 до 13.000 денари, а кај дел од позициите и повеќе. Предвидена е и нова скала за платите на градоначалниците, зависно од бројот на жители во општините.

Стојаноски истакна дека мерката не е симболична, туку суштинска. „Ова не е само гест, туку суштинска промена со која се воспоставуваат реални висини на плати“, рече тој, додавајќи дека заштедените средства ќе се пренаменат за здравство, образование и социјална поддршка.

Предлог-законите се поднесени по скратена постапка, а предлагачите очекуваат широка поддршка и нивно усвојување во најбрз можен рок.

Најнови вести од Македонија

To top