Македонија

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за претседателските и парламентарните избори

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за претседателските и парламентарните избори

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР денеска на прес-конференција во 15 часот ќе ги соопштат првичните согледувања од мониторингот на вчерашниот втор круг од претседателските избори и на парламентарните избори.

Шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на изборите Џилијан Стирк, вчера изјави дека ќе ги разгледаат извештаите за изборниот процес од целата земја, а потоа ќе донесат заклучоци базирани на мониторингот на нивните набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за мониторинг на изборите имаше повеќе од 300 набљудувачи на гласачки места низ државава за следење на процесот на вториот круг од Претседателските избори и на Парламентарните избори.

Стирк со нејзиниот тим е во Скопје од 20 март и, како што рече, имаат и долгорочни набљудувачи распоредени низ целата земја на девет различни локации следејќи ги сите аспекти во подготовките за овие избори.

Најнови вести од Македонија

To top