Македонија вратете ги во прво одделение

О неписменех во СДС: Побараа ОСТВАКА од Тошковски

Денеска побараа ОСТВАКА од Тошковски. Утре ќе побараат ОТВАСКА, задутре ОВАКАСТ. 

И така натаму…

О неписменех во СДС: Побараа ОСТВАКА од Тошковски

Нов ден, нова презентација на неписменост во СДС.

А, што друго и би очекувале од партија чиј актуелен стопан и поранешен премиeр се перчеше што одел „три-четири часа на коло“, па што му фалело, станал премиер пустиот ајван.

Очебијно, и останатите во СДС бегале од часови, тоа да ти бил фото-роботот за успешен есдеесовец.

Од историја бегале најмногу, aма најмногу, а втор омилен предмет за „штрафта-џафте“ им бил македонски јазик.

И така, последиците се неминовни.

Денеска побараа ОСТВАКА од Тошковски. Утре ќе побараат ОТВАСКА, задутре ОВАКАСТ.

И така натаму…

To top