Македонија „реакциски“ бисери

Новите правила предизвикаа и ступидни реакции: „А како ќе докажат дека слушам нешто ако носам слушалки додека поминувам улица?“

Дел од јавноста реагираше со прилично ступидни, бедно зајадливи и мизерни коментари:

-Дали може со една слушалка да се минува на пешачки и да се вози, дали само оваа категорија на учесници во сообраќајот е „опасна“ и кој треба да внимава – пешаците или возачите . 

– А како ќе докажат дека слушам нешто ако носам слушалки додека поминувам улица? Можеби се исклучени, можеби ги носам само за моден детаљ и не слушам ништо…

Новите правила предизвикаа и ступидни реакции: „А како ќе докажат дека слушам нешто ако носам слушалки додека поминувам улица?“

Лавина реакции за новите законски решенија кои се воведуваат во насока на елиминирање на одредени навики кај пешаците и возачите од определени категории возила. Слушалки на уши и зборување на телефонски уред е забрането со цел пешаците и возачите на велосипеди и електрични тротинети да бидат сконцентрирани на сообраќајот.

Дел од јавноста реагираше со прилично ступидни, бедно зајадливи и мизерни коментари:

-Дали може со една слушалка да се минува на пешачки и да се вози, дали само оваа категорија на учесници во сообраќајот е „опасна“ и кој треба да внимава – пешаците или возачите .

Одговорот е јасен – и едните и другите…

– А како ќе докажат дека слушам нешто ако носам слушалки додека поминувам улица? Можеби се исклучени, можеби ги носам само за моден детаљ и не слушам ништо…

Одговорот е дека прашањето е глупаво, но сигурно е дека ќе имаш прилично безвезен и „многу скап моден ДЕТАЉ“…

Дел и ќе се снаоѓаат:

– Ќе најдам најмали слушалки кои нема да се гледаат!

Дел и реални:

– Oд гледна точка на возач: апсолутно неприсутни со паметот се 95% од пешаците. Од гледна точка на пешак, молам сериозно да се казнуваат возачите кои се со телефон во рака и муабетат…

Најнови вести од Македонија

To top