Македонија

Нови стипендисти од УКИМ

Со помош на доделените стипендии преку оваа фондација, многу некогашни студенти го оствариле својот сон, дипломирале и денес се многу успешни во својата област кај нас и во светот.

Нови стипендисти од УКИМ

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска беа потпишани договори за стипендии. Стипендиите се доделуваат од Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

-Договор за доделување на стипендија потпишаа 58 нови стипендисти и 76 стипендисти на кои им се продолжува стипендијата која прв пат им беше доделена во 2021 година. Ректорката проф. д-р Биљана Ангелова, која воедно е директор на Фондацијата, им се обрати на присутните со пригодни зборови за ликот и делото на донаторот Атанас Близнаков. Близнаков е првенец во редот на донаторите на нашиот универзитет. Преку својот тестамент, во Фондацијата донирал дел од лично стекнатиот капитал, како средства наменети за стипендирање на талентирани студенти, кои немаат доволно материјални средства за школување, се вели во соопштението на  Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Со помош на доделените стипендии преку оваа фондација, многу некогашни студенти го оствариле својот сон, дипломирале и денес се многу успешни во својата област кај нас и во светот.

 

Најнови вести од Македонија

To top