На денешниот состанок на централното претседателство на Алтернатива, избрани се нови кадри во раководството на партијата.
Како што информираат оттаму, за генерален секретар е именуван Амир Елези, за потпретседатели Арбен Лабеништи, Орхан Муртезани, Сафие Садики Шаини, Афан Елези, a за организациски секретар Башким Муртези.
Беким Сали e назначен за секретар за човечки ресурси, Адмирим Алити за секретар на секретаријатот на одделенијата, Фисник Мела за секретар за стратешки политики, а Дритон Сулејмани за секретар за односи со јавноста.
-Оваа одлука уште еднаш покажува високо ниво на демократија и внатрешна стабилност на АлтернАтивА, давајќи им можност и простор на новите кадри да придонесат во највисоката хиерархија на партијата, се наведува во соопштението.