На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовиран нов наставен кабинет, донација од ТИТАН Усје, во рамките на соработката на проектот „Знаење + CO₂ – со знаење и иновативност до помалку CO₂“.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерката за образование и наука Весна Јаневска деканот на Градежниот факултет Јосиф Јосифовски, ректорката на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Билјана Ангелова и главниот извршен директор на ТИТАН Усје Константинос Николау.