Македонија

Ноќната евтина тарифа му пресуди на дополнителен попладневен час евтина струја

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска објави дека сепак, барем до крајот на годината, нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електрична енергија за домаќинствата.

Од 1 ноември требаше да се воведе уште еден час поевтина струја, од 13.00 до 16.00 часот, наместо како што е досега од 13.00 до 15.00 часот.

Сега Бислимовски вели дека ова би ја загрозило евтината тарифа во ноќните часови од 22:00 до 7:00 часот наутро, односно двата ноќни часа од 22.00 до полноќ.

– Анализите покажаа дека цените на берзата се евтини во периодот од 12.00 до 16.00 часот и може да се воведат дури четири часа евтина попладневна тарифа, наместо два како досега, но проблемот е во тоа што ноќните цени на берзата сега се многу високи и ќе треба да ја укинеме евтината струја од 22.00 до 00.00 часот, а луѓето веќе имаат стекнато свои навики и не сакаме да предизвикаме револт, рече Бислимовски.

Овој статус ќе остане до крајот на годината, а понатаму повторно ќе се разговара со ЕСМ и со ЕВН, најави првиот човек на РКЕ.

To top