Секој заменик директор ќе има своја задача во царинската управа, вака новиот директор Бобан Николовски, ја образложи потребата од дополнителен заменик директор во Царинската управа, одговарајќи на новинарско прашање, притоа не ја образложи потребата но и задачите кои ќе ги има новиот директор.
Секоја позиција во Царинската управа е толку добро систематизирана и со свои обврски и задачи да верувајте ако дојдете и погледнете сами ќе се сложите и веќе нема да поставуваме вакви прашања. Секое работно место во Царинската управа ќе биде заслужено со работа, но и секое работно место во Царинската управа ќе биде заслужено со неработење, заклучи тој.
Минатиот месец имаше бурни реакции по најавите дека Царинската управа треба добие втор заменик директор со измените на законот предложени од група пратеници од власта, а зад ваквото законско решение стојат пратениците Бобан Карапејовски од ЗНАМ, Павле Арсоски исто така од ЗНАМ, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ иако на сајтот на Собранието фигурира како независен, Даниела Белимова од ЗНАМ, Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Цеков (ЗНАМ) и Жаклина Пешевска (ВМРО-ДПМНЕ).
Да не сме сметале дека нема потреба не би дошло до овој процес. Верувајте дека и вториот заменик директор ќе биде максимално искористен со должностите што ќе му ги дадам како директор. Тоа ќе бидат поголеми овластувања и фактички ќе го менаџира делот којшто ќе му го дадам како директор. А тие работи ќе се договорат кога самиот заменик директпор ќе биде дел од царинската управа, рече Николовски.
Според него не треба да се дискутира околу тоа какви задачи ќе има новиот заменик директор бидејќи граѓаните само ако слушнеле дека царинската управа има 11 помошници директори ќе се збунеле и немало да разберат.