Македонија меѓународен ден

Николовски: Резултатите јасно покажуваат дека будноста значи навремено препознавање на ризиците

Меѓународниот ден на Царината го одбележавме со доделување признанија на колегите кои со својата работа дадоа исклучителен придонес за поголема ефикасност на управата, напиша на Фејсбук директорот на Царинската Управа, Бобан Николовски.

За мене, резултатите јасно покажуваат дека будноста значи навремено препознавање на ризиците, а посветеноста, доследно, одговорно и законито постапување. Вашиот придонес не се мери само со бројки или заплени, туку и со довербата што ја градите, професионалниот однос кон граѓаните и бизнисите, поддршката на системот и примерот што им го давате на помладите колеги. Токму тоа е силата на нашата Царина, истакна Николовски.

Најнови вести од Македонија

To top