Македонија конструктивна

Николов оствари средба со директорот на Медицинскиот симулациски центар во Скопје

Убеден сум дека под водство на д-р Димитар, ќе бележи напредок, развој и надградба оваа установа која се основа како установа согласно Законот за установи , објави др. Николов.

Николов оствари средба со директорот на Медицинскиот симулациски центар во Скопје

Утрово одржав конструктивна средба со д-р Димитар Ангелески, директор на Медицинскиот симулациски центар во Скопје, разговаравме за идните планови за развој на оваа оваа установа, која сама по себе е исклучително важна, објави др. Игор Г. Николов на својот фејсбук профил.

Николов ги потенцирааше деловите од процесите и ги наведе:
Делот од процесот за стекнување практични вештини, неопходни за стекнување на називот доктор на медицина;
Дел од процесот на полагање на практичниот дел од стручниот испит;
Дел од процесот на стекнување практични вештини за стекнување стручно звање специјалист и супспецијалист и тн задолжително се изведува во Медицинскиот симулациски центар.

-Убеден сум дека под водство на д-р Димитар, ќе бележи напредок, развој и надградба оваа установа која се основа како установа согласно Законот за установи и тоа со удели – Министерство за здравство, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, Медицински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово и Лекарската комора на Македонија, потенцираше др. Николов во објавата.

Најнови вести од Македонија

To top