Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат.
На својот фејсбук профил тој објави:
” На економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирав важноста на геостратешката позиција на Македонија каде што се вкрстуваат двата пан-европски коридора.
Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста. Праќаме позитивни сигнали за инвеститорите”- напиша вицепремиерот Николоски и објави видео од обраќањето на глобалниот форум.