НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ будно и со големо внимание ги следи последните случувања во нашата заедничка татковина Македонија.Во насока на градење на стабилна и економски приоритетна држава, во насока на развој на демократските процеси и економски напредок во државата, треба да се воспостави ред,како и да се имплементираат интегрирачките политики, а не да се толерира,,анархичната состојба,, која одговара на одредени криминални структури и ретроградни недемократски сили , кои ја влечат државата назад и кон непросперитет, велат во соопштението од НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.
Се согласуваме дека протестот е Уставно загарантирано право, но не смее истото да се злоупотреби, а со цел да се заштитат одредени криминогени структури, како и за ситни политички поени. Преферираме дијалог, а не блокади на институции, бидејќи единствено прееку дијалог и разбирање може да се донесат Одлуки кои ќе бидат прифатливи за сите.Македонија е наш заеднички дом, и само сплотени можеме да придонесеме во развој и поквалитетен живот.
Согласно горенаведеното, даваме силна и недвосмислена поддршка на Премиерот Проф.Д-р Христијан Мицкоски , бидејќи докажа дека има и капацитет и визија да го имплементира горенаведеното. Како држава доволно ,,трпевме,, време е да погледнеме кон иднината и да изградиме силна и сплотена држава МАКЕДОНИЈА, истакна лидерот на НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,,Дипл.правник Демир Далип.Кон ова поддршка се приклучува и Владиниот преставник на Бошњаците во Македонија, Националниот координатор за меѓуетнички односи, г динот Салко Куч, стои во соопштението на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“.