Македонија

НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ: Мицкоски е единствената личност и политичар кој може институционално да ги интегрира Египќаните да не бидат граѓани од 5-ти ред

НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ: Мицкоски е единствената личност и политичар кој може институционално да ги интегрира Египќаните да не бидат граѓани од 5-ти ред

Дозволете ми, да нотирам дека припадниците на посебната, автентична и автохтона етничка заедница на ЕГИПЌАНИТЕ, за жал се убедливо најмаргинализираната, најдискриминираната и најнеинтегрираната етничка заедница во МАКЕДОНИЈА.

Денес, за разлика од пред 15 години, ова етничка заедница има високообразуван кадар и интелектуалци, кои можат да и служат на татковината. Но, за жал, фактите укажуваат дека за ЕГИПЌАНЕЦОТ/КАТА не добиваат фер шанса да бидат соодветно застапени во институциите на системот, да бидат носители на ЈАВНИ ФУНЦИИ, ДА БИДАТ ДИРЕКТОРИ, ПРАТЕНИЦИ, МИНИСТРИ, РААКОВОДИТЕЛИ ИТН…..Нанесена им е голема неправда и во процесот на спроведување на ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, бидејќи нема ниту 1 деклариран а вработен ЕГИПЌАНЕЦ, СПОРЕД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР.

Ова , е причина голем број ЕГИПЌАНИ да ја напуштат државата и да заминат, како и многу наши сограѓани. Дозволете ми, да нотирам дека со сегашниот ПРЕМИЕР, ПРОФ Д Р ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ сме во постојана комуникација од 2016 година, и ПРЕМИЕРОТ е детално запознат со проблемите со кои се соочува ова етничка заедница.

Работевме напорно, на терен , убедувавме гласачи, бидејќи верувавме и веруваме во дадениот збор и ветување на Премиерот, ПРОФ. Д Р ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ…..!!!

Досега, Египќаните имале горчливо искуство со политиканти, биле злоупотребени, излажани, изманипулирани….Ние, имаме свои легитимни цели и приоритети, и ќе се бориме со сте легитимни и демократски средства да не бидеме граѓани од 5 ти ред во МАКЕДОНИЈА.

Во таа насока, најавуваме и средби со највлијателните Амбасади во Македонија, акко што се Америчката, Германската, Француската, Амбасадата на Велика Британија како и мисијата на ОБСЕ, истакна лидерот на НГИ ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ,, Дипл.правник Демир Далип.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top