Македонија алијанса за албанците

Незири: Имаме обезбедено мнозинство за именување на новите министри, таа работа денес ќе биде завршена

Координаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците Аднан Незири на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека тие имаат обезбедено мнозинство за гласање на новите министри за здравство и информатичко општество и администрација, Илир Демири и Наим Бајрами на местото на досегашните министри Азир Алиу и Фатмир Меџити.

Незири: Имаме обезбедено мнозинство за именување на новите министри, таа работа денес ќе биде завршена

Координаторот на пратеничката група на Алијансата за Албанците, Аднан Незири на денешната прес-конференција во Собранието истакна дека тие имаат обезбедено мнозинство за гласање на новите министри за здравство и информатичко општество и администрација, Илир Демири и Наим Бајрами на местото на досегашните министри Азир Алиу и Фатмир Меџити.

-Да, имаме мнозинство и ова работа денеска ќе биде завршена, рече Незири.

Коментирајќи го вчерашниот собир на Алијансата за Албанците во Куманово свикана од претседателот Арбен Таравари, тој нагласи дека тој собир не бил легитимен врз основа на Статутот на партијата.

-Тие не се реални, затоа што и и тој настан не беше Собрание, зашто се знае врз основа на Статутот тоа може да го свика претседателот на Собранието на партијата и има рок од седум дена. Легално Собрание на Алијансата за Албанците ќе биде тоа свикано за в сабота во 13 часот во Скопје. Тоа е легално и процедурално врз основа на Статутот и правните процедури, рече тој.

Незири нагласи дека партијата не е поделена, туку претседателот на партијата е поделен од партијата, затоа што, како што рече, неговата комуникација не била врз основа на процедурите и правилата што се бараат во партијата.

-Не се зборува за печат, тоа е техничка работа. Партијата има органи и органите не беа почитувани, затоа што комуникација врз основа на статус на Фејсбук не е реална комуникација и комуникација што треба да се реализира врз основа на Статут и други обврски што ги има претседателот на партијата. Во Централното претседателство имаше една одлука од партијата за која требаше тој да контактира и со Централното претседателство и врз основа на тие реални потребни реални процедури се носат некои работи, а не преку Фејсбук. Партијата не комуницира со Фејсбук статус. Има органи, тоа е колективна одлука, заради тоа и постојат органите на партијата – Централното претседателство и другите органи, рече тој.

To top