Македонија

Независен синдикат за здравство: Составен иницијативен одбор што бара промена на претседателот Бојчевски

Членството во синдикатот веќе има собрано потписи за смена на Претседателот.

Независен синдикат за здравство: Составен иницијативен одбор што бара промена на претседателот Бојчевски

Независниот синдикат за здравство бара промена на нивниот претседател, Боби Бојчевски.

-Како членови на Независниот синдикат за здравство сакаме да истакнеме дека составивме иницијативен одбор кој бара промена на нелегитимниот Претседател, Боби Бојчевски. Ова наше барање доаѓа како резултат на тоа што Претседателот, Боби Бојчевски веќе подолго време не се грижи за вработените во здравството и лажно се претставува како наш вистински и искрен претставник. Бојчевски не прави ништо друго освен што го руши угледот на здравството и вработените во здравствениот систем. Веќе подолго време овој синдикат претставува “членарина” синдикат и машина за собирање само на финансиски средства без притоа членовите и здравствените работници да имаат вистинска борба за своите работнички права, се наведува во нивното соопштение.

Членството во синдикатот веќе има собрано потписи за смена на Претседателот.

-Доколку тој самиот не поднесе оставка, ние ќе поднесеме пријава. Доста е со расипничкото водење на нашиот синдикат од страна на нелигитимниот Претседател. Со ова наше соопштение сакаме да ја информираме целата јавност за тоа што се случува во нашиот синдикат, велат од синдикатот.

Најнови вести од Македонија

To top