„Политичките некрофили“ и најтешките мигови на болка ги користат за сопствени цели. Без трошка емоции, сочувство, емпатија, без чувство за туѓата трагедија која е и наша заедничка, го користат моментот истата од црна да ја претворат во „шарена“.
Не можејќи да се помират со легалниот изборен пораз или од страв да не бидат фатени дека тие се дел од р’ѓата која сосе нас го пеплоса системот, во обидот да го искористат моментот се користат со сите познати методи на претворање на туѓата болка во своја корист. На прелевање на загубата на најмилите во сопствена политичка добивка… На крвави политички поени, преку организирање собири, бунт и протести, посочување фиктивни виновници, извртување на стварноста, обиди насилно да се сруши власта, доведувајќи ја до врвно непрепознавање суштината на измамата.
Сценарио кое е веќе видено на многу места, меѓудругото и еднаш кај нас, но и во соседна Србија. Поучени од нивното искуство некои од познатите српски јавни личности предупредуваат на истото сценарио, на „обоената“ приказана, која од кај нив може лесно да се прелее или повтори кај нас.
Така, со свој статус на социјалните ,мрежи се огласи Небојша Крстиќ, некогашниот член на култната белградска група „Идоли“, едни од предводниците на новиот бран од почетокот на 80-ите. Тој во својот предупредувачки пост порачува дека пеколот низ кој минува Србија, да не дозволиме да ни се повтори нам. Политичките „лешинари од обоената“ да не ја прелетаат границата и кај нас, за по втор пат да ја започнат „шарената“ и на ист начин да се обидат да ја дестабилизираат Македонија.
„Драги пријатели од Македонија, ние во Србија минуваме низ пекол заради лешинарење со кое политички се злоупотребуваат жртвите од Нови Сад.
Цело време се плашам дека одредени сили на ист начин ќе се обидат да ја дестабилизираат и Македонија. Посакувам од цело срце ова зло да ве заобиколи“ – порача некогашниот Идол на социјалните мрежи.