Македонија

Навреме отворени гласачките места во Кавадарци и Росоман

Навреме отворени гласачките места во Кавадарци и Росоман

Во Кавадарци утринава навреме беа отворени 60 гласачки места, на кои се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК), Емилија Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

Ден пред претседателските и парламентарните избори вчера за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни,  како и дванаесетина од дом за стари лица, појасни Петровска.

И во Росоман стартуваше гласањето на претседателските и парламентарните избори, а од општинската изборна комисија информираа дека навреме се отворени сите избирачки места.

– Се гласа на десет избирачки места. За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица,  соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.

Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

Најнови вести од Македонија

To top