Денот го одбележаа најава за 600 нови вработувања во МВР, инвестиции во енергетиката и историски највисока откупна цена на тутунот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Премиерот Христијан Мицкоски најави засилување на капацитетите на МВР со 600 вработувања месецов.
Владата и МЗШВ во договор со откупувачите на тутун постигнаа историски највисока цена на откупен килограм од 400 денари и субвенција зголемена на 100 денари.
Изградба на ветерниот парк кај Штип ќе почне кон крајот на јуни, ќе произведува струја еквивалентна на 20% од потрошувачката во Македонија.
Над 1000 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка намалени за најмалку 10%.
Македонија се менува, додаваат од партијата.