Македонија

Народна банка: Нето надворешниот долг на земјата изнесува 4.630 милиони евра

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. Како што се вели во соопштението, на 31 декември минатата година, нето надворешниот долг изнесувал 4.630 милиони евра, или 30 проценти од БДП.

Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен за 183 милиони евра, или за 4,1 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71,7 проценти.

Во текот на четвртиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 193 милиони евра и изнесува 8.767 милиони евра, што претставува 56,8 проценти од БДП за 2024 година.

Народната банка објави и соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

Најнови вести од Македонија

To top