Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Наместо да критикува, СДС треба да сфати дека ова се последиците од нивното владеење, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со предизвиците

Наместо да критикуваат неосновано, време е СДС да прифати одговорност за годините во кои не презема ништо за подобрување на системот за заштита од пожари. Денес, благодарение на новото раководство, државата е подготвена и безбедна, соопшти ВРМРО-ДПМНЕ.

Наместо да критикува, СДС треба да сфати дека ова се последиците од нивното владеење, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успешно се справува со предизвиците

Секој предизвик за државата, за СДС претставува можност за евтин политички напад. Наместо конструктивност и поддршка, сведоци сме на обиди за собирање ситни политички поени, дури и во моменти кога државата се справува со сериозни кризи, како што се неодамнешните пожари, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат индиции дека дел од пожарите кои избувнаа во изминатиот период се подметнати од лица блиски до поранешната власт на СДС и ДУИ. Надлежните институции веќе преземаат конкретни мерки по ова прашање.

И покрај ваквите предизвици, службите за заштита и спасување работат со полна пареа. Во моментот активни се само 4 пожари, додека останатите се целосно изгаснати или ставени под контрола.

Разликата е очигледна. За само една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека знае како да се справи со вакви состојби. За разлика од претходното владеење, кога авионите беа неисправни, опремата недоволна, а возилата дотраени, денес имаме значително подобрена инфраструктура: хеликоптери и авиони ставени во функција, нова и функционална опрема и обучен кадар подготвен за секој предизвик.

Наместо да критикуваат неосновано, време е СДС да прифати одговорност за годините во кои не презема ништо за подобрување на системот за заштита од пожари. Денес, благодарение на новото раководство, државата е подготвена и безбедна“, соопшти ВРМРО-ДПМНЕ.

To top