Македонија ЈП „Македонија пат“

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка-Лисец

И покрај непреченото одвивање на сообраќајот, поради врнежите од снег на одделни места, АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот.

Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка-Лисец

Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри е евидентирана на патниот правец Попова Шапка – село Лисец, поради што се препорачува зголемена внимателност при управување со возилата, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни и безбедни за сообраќај.

И покрај непреченото одвивање на сообраќајот, поради врнежите од снег на одделни места, АМСМ препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот.

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани, со потребната механизација и работна сила, и континуирано се на терен со цел навремено расчистување на снегот. Во координација со Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат активности за обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Надлежните апелираат до возачите за совесно управување со возилата, задолжителна употреба на зимска опрема, почитување на сообраќајната сигнализација и навремено информирање преку официјалните информативни центри за состојбата на патиштата.

Најнови вести од Македонија

To top