Во интерес на јавното здравје на целата женска популација Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство го воведува Tension-Free Vaginal Tape (TVT) и Transobturator Tape (TOT) – напредни минимално инвазивни хируршки методи за третман на неволно испуштање на урина, со што се отвора ново поглавје во грижата за женското здравје во Македонија.
Што е стресна уринарна инконтиненција?
Неволното испуштање на урина (уринарна стрес инконтинеција) и истиот е се почест проблем со кој се соочува современата жена.

По иницијатива на Проф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на клиниката повторно е отпочната интервенцијата која ќе и го отстрани приоблемот на секоја една пациентка која се соочува со оваа проблематика.
Во рамки на билатералната соработка помеѓу Клиниката за гинекологијаи акушерство – Скопје и Универзитетската Клиника за Гинекологија и Акушерство – Љубљана, Словенија, нашите доктори Проф Д-р Ирена Алексиоска Папестиев и Ас Др Боривоје Павловски за време на нивниот престој во Словенија, имаа можност да се усовршуват за најсовремените пристапи за третман на неволното испуштање на урина.

Како продолжување на оваа соработка, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје беше организирана стручна работилница предводена од еден од водечките европски едукатори за минимално инвазивна хирургија, терапија и третман на урогинекологија, Проф. Д-р Мија Благање од Љубљана.
За време на оваа обука, беа демонстрирани двете техники за минимално инвазивен третман, а успешно беа изведени и повеќе TVT и TOT процедури.

Оваа метода ќе овозможи максимални резултати со минимални зафати.
Процедурата овозможува скратен престој на пациентките во болница, а продолжен квалитет на живот на истите.
Инконтиненцијата ве попречува во планираното, ви го менува животот за целосно слободно движење, патување, секој настан во животот е проследен со пречки кои влијаат на целокупниот социјален живот на жената.
Секоја 5 та жена во светот во одредена возраст страда од инконтиненција.

-Популацијата како во нашата држава, така и низ Европа е се повозрасна, а со тоа и бројот на пациентки се поголем, нарушувајќи го квалитетот на живот na секоја женска индивидуа, изјави Асс.Д-р Боривое Павловски
-Чинот на повторно воведување на оваа метода по 20 години е резултат на континуираните заложби на менаџментот на Клиниката, кој активно работи на имплементација на медицински достигнувања и технологии. Ваквите иницијативи не само што ја зголемуваат достапноста на третманите на сите пациентки, туку директно влијаат на квалитетот на живот на голем број од поупулацијата во нашата држава, истакна директорката Приоф. Д-р Ирена Алексиоска Папестиев.
-Популацијата како во нашата држава, така и низ Европа е се повозрасна, а со тоа и бројот на пациентки се поголем, нарушувајќи го квалитетот на живот na секоја женска индивидуа, изјави Асс.Д-р Боривое Павловски.

Оваа интервенција на нашата клиника е достапна за секого и е регулирана од Фондот за здравствено осигурување како придобивка за здравјето на жената.