Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, на прес-конференција во 12 часот, најави ВМРО-ДПМНЕ.
-Од првата прес-конференција видовме како Венко Филипче дозволил пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово без потребните одобренија. Во втората прес-конференција видовме дека дозволил да се изгради Модуларна болница со неогноотпорни материјали. Утре ќе дознаеме како ден по пожарот и смртта на 14 луѓе, анексирал договори за 20%, велат од владејачката партија.
„Провизии кои чинат животи“ е афера што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово.
-Следете нè, повторно со почеток во 12 часот, на прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.