Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди, од денес ќе престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Македонија.
Генерал Габор Беренди, утре по пречекот со високи воени почести во Кампот за обука на вода во Охрид, ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски.
Главни теми на средбата ќе бидат: унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата, соработка помеѓу специјалните сили, како и капацитетите на АП „Криволак“.