Македонија Ук гак

На Клиниката за гинекологија ќе се одбележи Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Како што соопшти Министерството за здравство, на настанот ќе бидат презентирани новата статистика за прематуритетот.

На Клиниката за гинекологија ќе се одбележи Светскиот ден на предвремено родени бебиња

На Универзитетската Клиника за гинекологија денеска ќе се одбележи Светскиот ден на предвремено родените бебиња.

На прес-конференцијата ќе се обратат директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, заменик министерот за здравство Јовица Андовски и клинички неонатолог педијатар.

Како што соопшти Министерството за здравство, на настанот ќе бидат презентирани новата статистика за прематуритетот и ќе се најави набавка на нов транспортен апарат за вентилација на превремено родените, воведување на нов бесплатен скрининг за трудници, како и промоција на нов водич за родители на превремено родените бебиња.

To top