Македонија Коалиција ВЛЕН

На говорница орли, во преговорите канаринци – ДУИ со срамна понуда до ВМРО само за да влезе во Влада

Опозициската ДУИ има уставно загарантирано право да организира собири за храбрење на членството. Но, ВЛЕН нема да дозволи ДУИ со лаги и манипулации да се обидува да креира незадоволство кај Албанците, изјави Фари Хисени од Коалиција ВЛЕН.

На говорница орли, во преговорите канаринци – ДУИ со срамна понуда до ВМРО само за да влезе во Влада

Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со ширење лажни вести. Но, тоа е нивна внатрешна работа која
точно говори за нивниот целосно уништен кредибилитет да говорат за и во име на Албанците, соопшти од денешната прес конференција Фари Хисени од Коалиција ВЛЕН.

Хисени потенцираше дека, опозициската ДУИ има уставно загарантирано право да организира собири за храбрење на членството. Но, ВЛЕН нема да дозволи ДУИ со лаги и манипулации да се обидува да креира незадоволство кај Албанците. Бидејќи, ние знаеме зошто ги форсираат овие приказни за наводно загрозен легитимет и наводно намалена застапеност на Албанците во нституциите.

-Затоа што сакаат да ги сокријат трагите за сопствените гревови. Но, ние сме тука за да зборуваме за вистината. Ние како Коалиција ВЛЕН го повикуваме Али Ахмети вечерва да го искористи партискиот собир во Гостивар, и, да и одговори на јавноста зошто му нудеше на Христијан Мицкоски да влезат во Влада наместо ВЛЕН со четири министри, без Претседател на Собрание заедно со гаранции дека локалните избори догодина ќе одработат неговите кандидати Македонци да станат градоначалници на Кичево и Струга? – изјави Фари Хисени и додаде:

-ДУИ има обврска да одговори дали сака Албанците да ги претвори во штит, за да ги спасат нивните корумпирани поранешни функционери и членови на нивните семејства?

Најнови вести од Македонија

To top