Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дребулии на својата тезга кај „Рекорд.
По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко Драги се соочува со нов здравствен предизвик.
Неговата објава на Фејсбук, ја пренесуваме интегрално во продолжение:
-Драги пријатели, со голема надеж и искреност ви се обраќам за помош. Потребна ми е помош донации за операција. Се наоѓам во болница 8ми Септември, ќе ми прават две операции во понеделник. Операциите се неопходни за моето здравје и понатамошен живот, но за жал, се плашам дека трошоците ќе бидат многу високи за да можам сам да ги покријам, а и за терапијата која ќе треба да ја примам.
Секој придонес, без разлика на износот, многу би ми значел. Вашата хуманост многу ми значела до сега и ви се заблагодарувам, но сега мене сте ми потребни.
Доколку сте во можност да ми помогнете, ве молам на Банкарска сметка: 300007047016280
Контакт: Филип Поп Стефанов
Ви благодарим од срце за вашата добрина, поддршка и споделување на оваа порака. Се надевам дека наскоро и повторно ќе се сретнеме на мојата тезга на Рекорд.
Ова е мојот број доколку сакате да ми пишете ве молам на вибер бидејќи не можам да зборувам: 070614815, објави чичко Драги.