Македонија Твининг проект

МЖСПП: Се унапредува законската легислатива за проширена одговорност на производителот

Во рамките на проектот се работеше на измени на законската регулатива и подзаконските акти со цел системот за проширена одговорност вона производителите во Македонија да обезбеди соодветен третман на сите специјални текови на отпад (пакување, електрична и електронска опрема, акумулатори и батерии, како и текстил, гуми, искористени возила и масла) со што се постигнува највисоко можно одделно собирање од несортиран комунален цврст отпад.

МЖСПП: Се унапредува законската легислатива за проширена одговорност на производителот

Денес се одржа завршниот настан од Твининг проектот на ЕУ „Поддршка во имплементацијата на отпадот Законодавство за управување и шема за проширена одговорност на производителот“.

На отворањето, во воведните обраќања Н.Е. Андраш Клајн, амбасадор на Унгарија и Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Австрија, Стефен Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија и д-р Кристина Вегнер, резидентен советник на проектот дадоа увид во значењето, влијанието, исходот и резултатите на проектот.

Во рамките на проектот се работеше на измени на законската регулатива и подзаконските акти со цел системот за проширена одговорност вона производителите во Македонија да обезбеди соодветен третман на сите специјални текови на отпад (пакување, електрична и електронска опрема, акумулатори и батерии, како и текстил, гуми, искористени возила и масла) со што се постигнува највисоко можно одделно собирање од несортиран комунален цврст отпад.

Проектните активностите целосно беа насочени кон создавање на потребните законодавни, институционални, инфраструктурни и информатички предуслови неопходни за основање независно правно лице во националниот систем, кој ќе ги обезбеди и координира сите операции на засегнатите страни вклучени во системот за проширена одговорност во земјата. Ова е долгоочекуваната интервенција за да се поправат слабостите во системот, придонесувајќи за почиста животна средина, целосна имплементација на циркуларна економија и зголемено и сигурно финансирање на системот за управување со отпадот што го создаваат сите субјекти во системот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ова независно тело, именувано како „тело за салдирање на производителите“, треба да овозможи ново поле за дејствување на производителите, трговците, собирачите на отпад и капацитети за третман на отпад, правилен надзор и спроведување на сите релевантни законски одредби, истовремено обезбедувајќи високо ниво на транспарентност на процесот. Проектните експерти вклучени во трите компоненти на проектот целосно дизајнираа и развија нормативни, оперативни и информатички елементи, документи, законски акти и други испораки потребни за целосно функционирање на системот. Ова ќе помогне да се развие попрофесионален, поодговорен и ефикасен систем и приближување на Северна Македонија до правото на ЕУ, обезбедување повисок квалитет на живот и стандарди поблиски до оние на земјите-членки на ЕУ.

Проектот кој го спровдуваше Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија, во партнерство со Фондацијата за заштита на климата на сината планета од Унгарија, како главен партнер и Република Австрија како помлад партнер завршува на 28 февруари по 27 месеци од реализацијата.

Најнови вести од Македонија

To top