Македонија

МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“

МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“

На повик на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржал координативен состанок со претставници на институциите што имаат обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 – 2025“.

– Со оглед дека постојат реални услови за појава на епизоди на високи концентрации на загадувачки суптанции во воздухот, координативниот состанок, кој го водеше заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска и предсетателката на Работната група за чист воздух на МЖСПП, Беса Татеши имаше за цел да ги мобилизира и поттикне засегнатитe страни во подоследно исполнување на обврските, соопштија од МЖСПП.

Присутните размениле искуства, но и проблемите со кои се соочуваат при реализација на мерките и искажале подготвеност за мобилизирање на сите расположиви ресурси за ублажување и надминување на состојбите што се жежок еколошки проблем не само кај нас, туку и на глобално ниво.

Од страна на МЖСПП е побарано институциите што немаат доставено извештаи за реализирани активности да ги достават, како за да имаат увид во степенот на реализација и ефектите од предвидените марки. Исто така, МЖСПП им понудило помош на оние општини што немаат изработено или изработуваат локални планови со краткорочни мерки за воздух, со оглед што е од исклучителна важност општините на локално ниво да бидат подготвени во услови на надминување на граничните вредности веднаш да ги применат соодветните мерки.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

На состанокот покрај институциите опфатени со согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 – 2025“, присуствувале и Висар Ганиу, потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Чаир и Душица Перишиќ извршна директорка на ЗЕЛС, со цел полесна координацијата со локалните самоуправи, како и претставници на Институтот за јавно здравје за следење на влијанието врз здравјто на луѓето.

На состанокот се разгледувале и долгорочните мерките на кои во моментот се работи и во кои во наредниот период државата ќе вложува.

Најнови вести од Македонија

To top