Македонија интерна работна група

МЖСПП ги интензивира активностите за чист воздух

Министерството ја континуирано ја следи состојбата со квалитетот на воздухот, редовно ги информира граѓаните и ќе преземе и други дополнителни активноси за што јавноста ќе бид правовремено информирана.

МЖСПП ги интензивира активностите за чист воздух

Со почетокот на грејната сезона и промента на временските услови се создаваат услови за зголемување на загадувачките честички на воздухот што влијаат врз здравјето на луѓето. Министерството за животна средина и просторно планирање работи во континуитет на реализација на долгорочните мерки за намалување на аерозагадувањето, но оваа година проектираше низа дополнителни конкретни активности и ги насочи сите расположиви ресурси во навремено преземање на конкретни мерки со кои ќе се постигне поголем ефект во намалување на аерозагаденоста.

Во Министерството е формирана интерна работна група за чист воздух од претставници на сите релеватни сектори од институцијата, која ќе ѝ предложи на Владата Акциски план со конкретни краткорочни и долгорочни активности чија цел е да забрза процесот на постигнување на видливи резултати во подобрувањето на квалитетот на воздухот.

За квалитетот на воздухот мора сите да преземеме нешто, а Министерството за животна средина и просторно планиарње оваа сезона делува проактивно и со предлог мерки и со мотивирање на различните чинители да се подготват и посериозно да делуваат во пресрет на зимската сезона.

Направен е План за посета и инспекторирање на индустриските капацитети што поседуваат А-Интегрирана еколошка дозвола. Посетите ќе се одвиваат по плански региони во државата, а екипата ќе биде составена од претставници на Државниот инспекторат за животна средина и од Министерството. Целта не е само да се изврши контрола на индустрискот капацитет дали ги исполнува обврските од дозволата, туку и да се влијае на подигање на свеста и подготвеноста на компаниите во пресрет на зимската сезона да преземат и дополнителни мерки со кои би влијаеле позитивно врз квалитето на воздухот.

Министерството за животна средина и просторно планирање апелира до граѓаните и институциите, компаниите и до сите општествени чинители за совесно однесување во однос на начините на затоплување, чистење на оџаците, фрлање на отпадот, палење на депониите, користењето на возила, градежните работи на отворено, палењето на стрништа и слично, со цел сите заедно да дадеме свој придонес кон обезбедување на почиста и поздрава животна средина и подобрување на квалитетот на животот за сите нас.

Министерството ја континуирано ја следи состојбата со квалитетот на воздухот, редовно ги информира граѓаните и ќе преземе и други дополнителни активноси за што јавноста ќе бид правовремено информирана.

To top