Иако вакво нешто се случува првпат во историјата на Македонија и недозволиво е на терциерно ниво хируршки сали да не се во фунција, дури откако ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста потврдија дека хируршките сали не биле во функција поради дефект, а причината ја лоцираа во непромената на компресорската станица, ни помалку ни повеќе туку како што сами велат “уште пред три години”.
Прашуваме:
1. Зошто Венко Филипче кој беше министер пред три години не го решил овој проблем и зошто ни тогаш ни досега, не е извршена промена на сите компресори кои се дотраени, посебно ако се земе во предвид дека според актуечното раководство на Министерство за здравство, компресорската станица требало да биде сменета пред три години,односно кога министер за здравство бил Филипче?
2.Каква е моменталната состојба со компресорските станици на Клинички и колку досега се обновени, со цел да не се повторат повеќе ситуации каде хируршките сали ќе бидат надвор од функција?
3.Колку елективни и итни пациенти не ја добиле соодветната услуга?
И за крај го прашуваме Министерството за здравство како тоа јавноста да се информирала исклучиво од оваа институција, кога воопшто не ја ни информираа јавноста за овој дефект и нефункционирањето на хируршките сали, па дури по втората објава од страна на ВМРО-ДПМНЕ и после четири дена конечно се огласија под притисок на јавноста, стои во соопштението на партиската Коисија на ВМРО-ДПМНЕ.