Македонија

МВР: 553 санкции за брзо возење

МВР: 553 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 553 возачи.

Од нив 38 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 251 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 327 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести од Македонија

To top