Македонија Реформската агенда 2024 – 2027

Муртезани ја презентираше Реформската агенда: Македонија ќе добие пристап до финансиската помош на Европската Унија

Клучните аспекти на Агендата, која се фокусира на спроведувањето на суштински социо-економски и фундаментални реформи во периодот 2024-2027 година, во согласност со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

Муртезани ја презентираше Реформската агенда: Македонија ќе добие пристап до финансиската помош на Европската Унија

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово одржа тематски работен појадок со новинари, на кој ја презентираше Реформската агенда на Северна Македонија, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија. Овој настан беше можност за информирање на медиумите за клучните аспекти на Агендата, која се фокусира на спроведувањето на суштински социо-економски и фундаментални реформи во периодот 2024-2027 година, во согласност со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

Министерот Муртезани ги претстави главните елементи на Реформската агенда, вклучувајќи ја правната основа, структурата на реформите и индикаторите за нивно следење. Посебен акцент беше ставен на чекорите и условите за плаќање според Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, кој предвидува исплати врз основа на задоволително исполнување на реформските чекори. Преку оваа Агенда, земјата ќе добие пристап до финансиската помош на Европската Унија, со што се овозможува значително економско интегрирање и усогласување со европските стандарди.

Муртезани истакна дека соработката со Европската комисија продолжува преку постојано следење на напредокот и исполнувањето на договорените реформи, со посебен фокус на владеењето на правото, борбата против корупцијата, развојот на пазарната економија и зајакнувањето на институциите.

Најнови вести од Македонија

To top