Македонија меп

Муртезани домаќин на унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока

Муртезани и Бока потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерствата за европски прашања на Македонија и Унгарија, кој поставува основа за долгорочна институционална соработка, размена на искуства, административна поддршка и координација во насока на усогласување со европското законодавство и ефективно користење на европските фондови.

Муртезани домаќин на унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока

Министерот за европски прашања на Република Македонија, Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на својот унгарски колега, министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој престојува во работна посета на земјава.

Во рамките на посетата, Министрите одржаа тет-а-тет средба, по што следеше и пленарна сесија на делегациите, на која се разговараше за клучните прашања поврзани со европската интеграција на Македонија и интензивирање на билатералната соработка во контекст на ЕУ.

Министрите ја реафирмираа заедничката определба за продлабочување на односите меѓу двете земји, особено во доменот на поддршка во пристапниот процес кон Европската Унија. Унгарија, како докажан поддржувач на европските аспирации на Македонија, уште еднаш ја потврди својата подготвеност да го сподели своето искуство и експертиза во евроинтегративниот процес.

Муртезани и Бока потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерствата за европски прашања на Македонија и Унгарија, кој поставува основа за долгорочна институционална соработка, размена на искуства, административна поддршка и координација во насока на усогласување со европското законодавство и ефективно користење на европските фондови.

На заедничката прес-конференција, министерот Муртезани исткна: „Оваа возвратна посета не е само уште еден настан во динамичниот календар на нашите билатерални односи, таа носи во себе силна порака. Порака дека партнерствата се градат преку доследност, доверба и заедничка визија. Македонија и Унгарија се поврзани со длабоки пријателски врски, а билатералната соработка добива уште позасилена динамика. Унгарија одамна ја има нашата благодарност за гласната поддршка за нашиот евроинтегративен пат.

Во контекст на Меморандумот за соработка, Муртезани подвлече: „На нашата веќе блиска соработка ѝ даваме институционална димензија и стабилна рамка. Овој документ не претставува само формализирана административна алатка, туку е израз на нашата заемна посветеност за продлабочување на партнерството преку размена на знаење, искуства и заеднички напори кон исполнување на европските стандарди.“

To top