Македонија пропагандист

Монструозен обид на СДС преку Забрчанец да профитира политички од смртта на девојчето

Ова не е прв пат СДС со своето влијание врз судството да пушти криминалци кои потоа завршуваат со одземање на невини животи.

Монструозен обид на СДС преку Забрчанец да профитира политички од смртта на девојчето

Секој нормален човек со болка ја прими трагичната вест за смртта на младата Фросина Кулакова, која животот го загуби поради безумното и неодговорно однесување на Васил Јанев. Наместо оваа трагедија да биде повод за длабока анализа и одговорност на судските органи, СДС и нивниот пропагандист Марјан Забрчанец решија да ја искористат за валкана политичка кампања и ширење хистерија преку мрежата на портали што ги контролираат.

Преку десетици портали и профили, координирани пораки и синхронизирана пропаганда, Забрчанец и СДС се обидуваат да ја пренасочат одговорноста од нивниот судски кадар, кој ја донел скандалозната одлука за ослободување на убиецот и да создадат политичка криза од трагедијата. Ова не е прв пат СДС да го прави ова – напротив, ова е веќе препознатлив модел на манипулација на јавноста.

Судијката која го пушти Јанев од притвор не е случајна. Таа беше еден од главните судски егзекутори на политичките прогонства што СДС ги спроведуваше во изминатите седум години против ВМРО-ДПМНЕ. Истата судијка носеше монтирани пресуди против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кога требаше да пресуди за криминалци блиски до СДС – одеднаш станува „милосрдна“ и ги пушта на слобода.

Ова не е прв пат СДС со своето влијание врз судството да пушти криминалци кои потоа завршуваат со одземање на невини животи. Потсетуваме – истото се случи кога нивниот човек, Зоран Милески – Кичеец, беше пуштен од затвор пред време, а потоа направи страшна сообраќајна несреќа кај Стража во која загина човек.

СДС го претвори македонското судство во алатка за елиминација на политички противници, додека вистинските криминалци – оние блиски до нив, добиваат специјален третман и излегуваат на слобода, со што се создаваат вакви трагедии. Колку уште вакви случаи има, за кои јавноста не знае? Колку други убијци, наркодилери и криминалци биле пуштени од затвор или од воспитно-поправни домови само затоа што биле блиски до СДС?

Македонската јавност има право да бара одговорност! Судството мора да биде прочистено од овие кадри кои служат како марионети на поранешната власт. Овој случај мора да биде крај на беззаконието што СДС го инсталираше во правосудниот систем.

Најнови вести од Македонија

To top