Македонија МНРНТ

МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас

Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас, стои во објавата на МНРНТ на социјалната мрежа Х.

МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати сочувство по масакрот што се случи вчеравечер во Цетиње, Црна Гора, во кој се убиени 12 лица.

-Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас, стои во објавата на МНРНТ на социјалната мрежа Х.

Во Црна Гора, денеска е првиот ден од тридневната жалост по убиството на најмалку 12 лица во Цетиње на првиот ден од 2025 година.

Осомничениот за ова повеќекратно убиство и ранување на најмалку четири лица Ацо Мартиновиќ се самоуби. Тој почина при транспортот кон болница.

Здравствената состојба на тројца ранети во пукањето во Цетиње е стабилна, но нивните животи се уште се во животна опасност, додека четвртиот е во критична состојба, соопштија утрово лекари од Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица (КЦЦГ), каде што на повредените им е укажана помош.

Најнови вести од Македонија

To top