Македонија по тарифи од 0 до 6,5 проценти

Мицкоски: 63-64 македонски производи ќе се извезуваат во САД

Тој додаде дека изминатите месеци воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на овие преговори.

Мицкоски: 63-64 македонски производи ќе се извезуваат во САД

Шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти – изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека во текот на денот ова ќе биде потврдено со заедничка изјава.

– Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести oттаму и очекувам негде околу шеесет и три-шеесет и четири производи, кои се за нас стратешки, да бидат со поволна тарифа, која ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу нула и шест ипол проценти, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали очекува поволна одлука за тарифите од САД по поставувањето камен-темелник за спортска сала во училиште во Карпош.

Тој додаде дека изминатите месеци воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на овие преговори.

Најнови вести од Македонија

To top