Македонија претседателски избори 2024

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре

Соопшти дека денеска имаат повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Посочи дека ги набљудуваат изборите во Северна Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре

По посета на две избирачки места претпладнево, претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.

– Досега посетив само две избирачки места и од утрово таму сè се одвиваше непречено. Но, ова се само две од многуте избирачки места, така што навистина не можеме да извлечеме заклучоци до крајот на денот, изјави Џилијан Стирк, која ја предводи мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР во земјава.

Соопшти дека денеска имаат повеќе од 200 набљудувачи распоредени низ сите региони во државава, како и долгорочни набљудувачи кои се тука од отворањето на мисијата, на крајот на март. Посочи дека ги набљудуваат изборите во Северна Македонија оценувајќи ги според меѓународните обврски и домашното законодавство.

-Колективно го оценуваме целиот изборен процес, од законодавната рамка до самото спроведување на изборите, вклучувајќи го и финансирањето на кампањата и, секако, улогата на медиумите. Утре ќе ги презентираме нашите првични резултати, ќе одржиме прес-конференција, сите сте добредојдени да ни се придружите таму и ќе има можност за новинарски прашања по кратката изјава што ќе ја дадам јас како и нашите партнери од Советот на Европа, рече Стирк.

To top