-ВО ИДНАТА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВРВЕН ПРИОРИТЕТ ЌЕ БИДАТ ПРОЕКТИТЕ И РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО !!! Денес, остваривме средба со просветните работници од Бутел каде што разговаравме за катастрофалната состојба во образованието. Се согласивме дека се потребни темелни промени и да се започнат сериозни реформи за да имаме квалитетно образование и да го запреме иселувањето на образовниот кадар, објави на својот фејсбук профил Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.
Тој во објавата нотираше дека во програмата Платформа #1198 предвидуваме:
-БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ ОД 3,4% НА 5% ОД БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД;
-УЧЕБНИК ЗА СЕКОЈ УЧЕНИК;
-ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ И СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ;
-ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА И КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ НА УЧЕНИКОТ!
„Само со квалитетно образование ќе се создадат услови за силна и успешна држава! Македонија повторно твоја! Заокружи број 2, стои во објавата на Мисајловски.