Конвенција за претставување на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” за парламентарните избори 2024 година, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Македонски народе, лошите денови треба да ги пратиме во историјата, сега почнуваат денови на промени, работа и обнова на Македонија. Ние ќе пишуваме историја заедно со Вас, со секој еден поединец кој сака Македонија да биде достоинствено место за живеење. Ние ќе пишуваме историја на задоволни граѓани, граѓани кои ќе останат дома на своето, а не да се иселуваат од Македонија. Заедно со Вас, со чесна и напорна работа ќе ги реализираме проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, “Платформа #1189”. ВМРО-ДПМНЕ е препознатливо по проекти, тие се нашиот бренд. Се обврзуваме да обезбедиме подобар животен стандард за младите и пензионерите, квалитетен здравствен и образовен систем, помош и поддршка на спортот, земјоделците, културата и сите останати категории во Македонија, истакна Мисајловски.
Затоа заедно со граѓаните одиме напред! “Македонија повторно твоја”! Промените се во твои раце! Да живее Македонија! Порача Мисајловски.