Утре во земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој локално ќе надминува 60 km/h, особено вдолж Повардарието.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 9 степени.
Утринските температури на повеќе места ќе бидат околу и под нулата, додека преку денот ќе се искачуваат од 3 до 11 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија (до 11°) и Демир Капија (до 10°), а најстудено на планинските места, каде температурите ќе останат околу нулата.

Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, со негативни минимални температури насекаде.
Во текот на ноќта кон петок и во петок се очекуваат врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег.
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено, со умерен до засилен северен ветер.
Од понеделник следува постепен пораст на дневните температури.