Македонија

Mинистерство за транспорт: Во тек е обемна контрола- се одземаат 479 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичко планирање

Mинистерство за транспорт: Во тек е обемна контрола- се одземаат 479 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичко планирање

Министерството за транспорт во рамки на своите надлежности врши ад хок контрола на издадените лиценци и дозволи за работа во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање.

Од досегашните контроли на над 3100 лиценци се констатира следната состојба:

Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање и тоа:

  • на 73 правни лица лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
  • на 228 правни лица лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
  • на 9 правни лица лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
  • на 32 правни лица лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
  • на 32 правни лица лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
  • на 78 правни лица лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
  • на 7 правни лица лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
  • на 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија,
  • на 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
  • на 2 правни лица лиценца управител на градба
  • на 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови.

Ве информираме дека и во следниот период Министерството за транспорт ќе продолжи со конторолите на издадени дозволи и лиценци согласно своите надлежности со цел да го осигура почитувањето на законските прописи и правниот поредок во државата и да се овозможи рамноправност за сите правни лица.

Целокупниот список ќе биде доставен до Министерството за внатрешни работи, до Јавното обвинителство, до ЗЕЛС и останати засегнати институции со цел за понатамошни постапки.

Најнови вести од Македонија

To top