Македонија

Министерот за здравство Алиу ќе ги посети првите новородени бебиња годинава

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе го посети првороденото бебе годинава на Клиника за гинекологија и акушерство.

Министерот за здравство Алиу ќе ги посети првите новородени бебиња годинава

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ќе го посети првороденото бебе годинава на Клиника за гинекологија и акушерство.

Алиу, ќе го посети и првороденото бебе во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир.

Заедно со министерот Алиу, првороденчињата во двете болници, како што е најавено, ќе ги посетат и министeрот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски и сопругата на премиерот Рози Мицкоска. Во Специјалната болница во Чаир ќе биде присутен и градоначалникот на општината, Изет Меџити.

To top