Македонија Франција

Министерот Муртезани на работна посета на Париз

Во рамки на интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Македонија.

Министерот Муртезани на работна посета на Париз

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на 7 и 8 јули 2025 година ќе оствари работна посета на Париз, во рамки на интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Македонија.

Предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република, меѓу кои со министерот делегиран за Европа при француското МЕиНР – Бенжамен Хадад, со генералниот секретар за европски работи во Секретаријатот за европски работи (SGАE) – Емануел Пуизе-Жовен, со раководството на Expertise France и Француската агенција за развој (AFD), како и со претставници на реномираниот институт Жак Делор.

Работната посета има за цел унапредување на институционалната соработка, размена на добри европски практики и мобилизирање на техничка и финансиска поддршка за реформската и интегративна агенда на Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top