Во неговиот пост на Фејсбук стои:
„‼️АПРИЛИЛИЛИ ВО КУЛТУРАТА‼️
На 1ви Април, министерката за култура на прес изјави дека, платите во културата ќе бидат усогласени согласно колективните договори. Истата вест ја потврди на 3 ти април на нејзината официјална фб страна:
“Сѐ е јасно во Решението за плата, платите на културните работници ќе се покачат за нови 12 проценти.
Кратење плати во културата нема.
Сите претходни стекнати права продолжуваат да важат, платите во март повторно се покачуваат”.
‼️Денес сме сведоци на нешто друго‼️‼️
📣📣📣Ја повикуваме министерката за култура денес до 13часот да се одважи пред нејзинините вработени и да докаже:
‼️дека нејзините изјави не беа првоаприлска шега
‼️дека 18 дена не им даваше лажна надеж на културните работници, со цел денес да ги стави пред свршен чин, односно да прифатат се, само за да добијат плата и здраствено осигурување за да можат да преживеат
‼️да признае дека Министерството за култура е тоа кое го креира сопствениот буџет и дека ова усогласување со минималната плата е нивен пропуст, кој сега се удира по грбот на вработените
‼️ да најде начин да го спроведе, тоа што го вети на своите вработени
👉Министерке Бисера Костадиновска Стојчевска се гледаме денес пред Министерството за култура во 13 часот‼️, стои во неговиот пост на Фејсбук.