Македонија Скопје

Министерката Божиновска на средба со претставници на Амбасадата на САД

На средбата се разговарало и за работната посета на министерката Божиновска на почеток на септември во САД, на која, како што се вели во денешното соопштение, треба да има средби на високо ниво. 

Министерката Божиновска на средба со претставници на Амбасадата на САД

Зајакнување и проширување на постојната гасоводна инфраструктура, подготовките околу претстојните енергетски проекти и состојбата во акционерските друштва во државна сопственост АД ЕСМ и АД МЕПСО, беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претставници на Амбасадата на САД во Скопје.

На средбата, како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини  на која учествуваале шефот на економскиот сектор Рајан Милер и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата, биле разгледани и можностите за искористување на енергетските потенцијали на Македонија со акцент на обновливите извори на енергија.

-Нови проекти и целосна диверзификација на портфолиото на нашите енергетски компании, консолидација и зајакнување на нивните перформанси се клучни цели кон кои решително тргнуваме во реализација. Целиме кон зајакнат, модерен и доверлив електроенергетски сектор, подготвен за претстојните предизвици кои доаѓаат со зелената транзиција, рече Божиновска.

На средбата се разговарало и за работната посета на министерката Божиновска на почеток на септември во САД, на која, како што се вели во денешното соопштение, треба да има средби на високо ниво.

Најнови вести од Македонија

To top