Македонија Министерство за јавна администрација

Минчев: Стоп за партизацијата – крај за В.Д. директорите и недопирливите функции

Нема селективност и нема незаконско разрешување. Новите правила ќе важат по истекот на постојните мандати, и тука нема отстапување“ – нагласи Минчев.

Минчев: Стоп за партизацијата – крај за В.Д. директорите и недопирливите функции

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма најави пресврт во управувањето со јавната администрација преку пакет клучни закони што ќе стават крај на партизацијата, в.д. состојбите и недопирливите функции.

„Измените на ЗОРОДУ, Законот за плати и Законот за висока раководна служба се наша јасна агенда до крајот на оваа година. За сите закони веќе се формирани работни групи и тие активно работат“ – истакна министерот.

Во подготовката на законските решенија се вклучени Министерството за финансии, Министерството за економија, Кабинетот на премиерот, Генералниот секретаријат, Министерството за јавна администрација, како и меѓународни партнери од СИГМА.

Минчев појасни дека Законот за плати е сложен и системски закон, но со одлука на Владата е формирана посебна работна група која работи на неговото финализирање.
Осврнувајќи се на директорските позиции, министерот беше јасен дека мандатите на постоечките директори не можат да се прекинуваат спротивно на важечките законски решенија.

„Нема селективност и нема незаконско разрешување. Новите правила ќе важат по истекот на постојните мандати, и тука нема отстапување“ – нагласи тој.

Во однос на долгогодишната злоупотреба на в.д. функции, министерот порача дека со новото законско решение се става јасен и траен крај.

„Ова е закон што става стоп на партизацијата. Во првите две години покажуваме политичка волја ова веќе да не се случува и ве уверувам дека ќе биде така“ – порача Минчев.

Тој потенцираше дека државните секретари нема да бидат политичка функција, туку ќе се избираат на јавен конкурс, исто како директорите и членовите на управните одбори.

„Тие ќе ги спроведуваат политиките на Владата, но ќе бидат избрани транспарентно, со јасни критериуми и стручни комисии“ – истакна министерот.

Најнови вести од Македонија

To top