Македонија Министерство за јавна администрација

Минчев: Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда

Во овој тежок момент, изразуваме искрено сочувство до семејствата и блиските на загинатите, додека на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување, соопшти министерот Минчев.

Минчев: Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда

„Со длабока тага ја примивме веста за трагедијата во Кочани, која одзеде млади животи и остави неизмерна болка.

Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда“, соопшти Горан Минчев, Министер за јавна администрација.

„Нема зборови што можат да ја ублажат тагата на семејствата, но мора да има одговори и постапки што ќе спречат вакво нешто да се повтори.
Секој што потфрлил во својата должност мора да сноси одговорност.

Во овој тежок момент, изразуваме искрено сочувство до семејствата и блиските на загинатите, додека на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување“, потенцира во соопштението.

Нека почиваат во мир, стои во соопштението на Горан Минчев, Министер за јавна администрација.

Најнови вести од Македонија

To top